Црна хроника
Грк и Македонец неовластено тргувале со диви птици
СВР-Битола поднесе кривична пријава против 46-годишниот И.Б. од Грција, и 36-годишниот Д.Р. (35) од селото Живојно, преспанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување на диви животни и птици“.
Пријавените, во четвртокот, околу 11.30 часот по претходно договорена средба требало да си разменат, односно Д.Р. на И.Б. требало да му предаде кафез со 23 птици, но биле спречени од полициски службеници. Истите се предадени до основното јавно обвинителство, каде од страна на судија за претходната постапка донесена е пресуда со која на И.Б. му е изречена парична казна од 1.000 евра, а на Д.Р. му е изречена казна затвор од три месеци или условно на една година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.