Црна хроника
Исчезнале две лица од Скопје и од Струга
Две лица, едниот на возраст од 45 години и едно малолетно девојче, се пријавени за исчезнати, соопшти МВР.
Две лица, едниот на возраст од 45 години и едно малолетно девојче, се пријавени за исчезнати, соопшти МВР.
Имено, во саботата, во полициската станица Бит Пазар, С.С.(40) од Скопје, пријавил дека во четвртокот, околу 10 часот од дома во непознат правец се оддалечило лицето Н.С.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Исто така, во саботата, во 17 часот во Струга, А.С.(38) од село Корошишта, струшко, пријавил дека во петокот, во 6.30 часот, од непознати причини од дома се оддалечила неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.