Црна хроника
Исчезнат маж од охридско пронајден мртов
Шеесет и четиригодишен маж кој пред неколку дена бил пријавен за исчезнат, бил најден мртов во вторникот попладне.
Волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст-Охрид пронашол машки леш кај местото Селиште во атарот на охридското село Велестово. Сопругата го идентификувала мажот и било утврдено дека станува збор за шеесет и четиригодишниот К.Ф. од селото Рача.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.