Црна хроника
Исчезнато момче од Куманово пронајдено мртво во река
Момче од Куманово кое во саботата беше пријавено за исчезнато утрово било пронајдено мртво во водите на Кумановска река, потврдуваат од МВР.
Телото на дваесет идвегодишниот М.М. е предадено на обдукција за да се утврди, како починало момчето. Неговата мајка во саботата во 19.30 часот во полициската станица Куманово пријавила дека нејзиниот син излегол од дома и се упатил во непознат правец. Освен момчето од Куманово, дента беше пријавена за исчезната жена од кумановското село Старо Нагоричане и девојче од Тетово./крај/мф/
Извор: Фото:Кумановски муабети
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.