Црна хроника
Исечени гумите на возило од УЈП во Охрид
Службено возило на УЈП било ошетено од несовесни граѓани во четвртокот во вечерните часови во Охрид за време на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат.
На возилото со регистарски таблици СК 3135 АЦ паркирано во близина на плоштадот во Охрид, со остар предмет му биле исечени сите четири гуми.
Од страна на Министерството за внатрешни работи направен е увид на местото на настанот.
„Управата за јавни приходи им порачува на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека користењето на насилни методи насочени кон даночниците и уништувањето на јавните добра (службени возила и сл.) купени со парите од даноците кои ги плаќаат сите граѓани, нема да ги спречи, ниту да ги одложи контролите на УЈП, напротив само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретното место, општина, реон работат бизниси кои избегнуваат да платат данок“, се вели во соопштението на УЈП.
Оттаму информираат дека во рамки на редовните инспекциски контроли спроведени ноќта помеѓу 15 и 16 јануари, во Охрид контролирани се 8 угостителски објекти, од кои во 2 се утврдени неправилности, додека во Кичево контролирани се 6 угостителски објекти, од кои во 3 утврдено е дека во целост не е регистриран готовинскиот промет.
За објектите кои не издавале фискални сметки изречена времена забрана за вршење на дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3250 евра во денарска противвредност. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.