Црна хроника
Испил алкохол и солна киселина и се фрлил во Вардар
Скопјанец, најпрво испил алкохол и солна киселина, па решил да се фрли во реката Вардар во Скопје, кај одбојкарското игралиште, соопшти полицијата.
Имено, во средата околу 19,45 часот во полициска станица Карпош, медицинска сестра од итната медицинска помош пријавила дека на телефонскиот број 194 примиле пријава дека непознато лице паднало во реката Вардар, во близина на одбојкарското игралиште. Од извршените проверки било утврдено дека се работи за лицето Р.К. (55) од Скопје кој испил поголема количина алкохол и солна киселина. Случајни минувачи го извадиле од реката и со возило на брзата помош бил пренесен во Ургентниот центар Скопје на токсикологија. Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и се работи на целосно расчистување. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.