Црна хроника
Избувна пожар во објектот на ЕВН што се доградува
Утрово избувна пожар во објектот на ЕВН и ЕЛЕМ на плоштадот Македонија во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот избувнал во објектот што се доградува пред дваесетина минути.Според најавите и овој објект требаше да добие барокна фасада. Засега нема информации дека има повредени, а според неофицијални информации пожарникарите веќе интервенирале и го локализирале пожарот. Сепак нема се уште официјална информација од Противпожарната бригада. Полицијата дополнително треба да изврши увид по целосното гаснење на пожарот за да ги утврди причините поради коишто настанал пожарот./крај/мф/
Извор: Фото:Facebook
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.