Црна хроника
Изгореа покриви на две куќи во скопско и тетовско
Во два одделни пожара изгореа покриви на две куќи во скопско и тетовско.
Првиот пожар избувнал поради неисправна инсталација во понеделникот наутро околу 4.30 часот во куќа сопственост на триесет и седумгодишник во скопското село Копаница. Во пожарот целосно изгорел покривот и покривната конструкција, како и катот од куќата. Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.Вториот пожар избувнал во понеделникот околу 12.30 часот во тетовското село Мала Речица во куќа сопственост на шеесет и шестгодишен жител на селото. Од засега непознати причини настанал пожар при што изгорел покривот и покривната конструкција на куќата. Од страна на ТППЕ-Тетово пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.