Црна хроника
Изгубил на обложување па пријавил кражба
Против 29-годишен скопјанец со иницијали М.М, Секретаријатот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во петокот поднесе кривична пријава поради сомневање дека лажно пријавил грабеж во спортската обложувалница „Спортлаиф Трејд“ во скопската населба Ѓорче Петров, како и дека сторил кривично дело „затајување“ со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 325.500 денари со што всушност треабчло да ги покрие парите кои ги загубил обложувајќи се.
Имено, пријавениот на пред четири дена, односно на 25-ти август, додека бил на работа како оператор на уплата за обложување во спортската обложувалница „Спортлаиф Трејд“ пријавил дека две непознати маскирани и вооружени лица, кои откако влегле во обложувалницата, со закана со пиштол, му наредиле да ја отвори вратата од работниот пулт и да им ги даде парите од дневниот промет кои ги чувал под куќиштето од работниот компјутер при што двете лица си заминале од објектот.
Скопската полиција го сомничи пријавениот дека иако знаел оти кривичното дело не е сторено, а со намера противправно да ги присвои доверените пари, односно да го прикрие кусокот пари што го направил обложувајќи се на спортски натпревари и искористувајќи ја приликата што во самиот објект нема видеонадзор, на полициските службеници им пријавил дека му е извршено кривично дело.
Од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти со елементи на насилство извршени се оперативни проверки, при што беше утврдено дека кривичното дела „разбојништво“ не е сторено, бидејќи на 25-ти август во неговата смена од 15:30 до 22:30 часот во повеќе наврати истиот се обложувал на спортски натпревари и си издавал тикети за обложување, а притоа не внесувал пари во касата од дневниот промет.
Пријавениот издал тикети за уплата за обложување на сума од вкупно 325.500 денари, и притоа не внел, односно не уплатил пари во дневниот промет, со што сторил кривично дело – „затајување“. Пријавениот, со цел да го прикрие делото и кусокот пари во дневниот промет истиот ден лажно пријавил дека му е извршено разбојништво од страна на двајца непознати вооружени разбојници и дека му се одземени доверените пари.
Со потврда за привремено одземени предмети од М.М. одземени се 23 тикети од „Спортлаиф3 кои се недобитни и истиот си ги издал самиот без претходно да внесе пари во дневниот промет.
Во четвртокот, 26-ти август, во службените простории на полициската станица во Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со пријавениот, при што тој признал дека лажно пријавил дека е ограбен./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.