Црна хроника
Измама со криптовалути, лажен директор му украл на битолчанец 340.000 денари
Вчера во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026 бил измамен за 340.000 денари.
Според информациите на МВР, тој пријавил дека преку електронска пошта воспоставил комуникација со лице кое се претставило како директор на компанија што тргува со крипто валути и истиот го довел пријавителот во заблуда, при што му дозволил пристап до неговиот компјутер и во повеќе наврати му префрлил вкупно 340.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци
Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци.
Таа се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Црна хроника
19-годишник го претепал внукот од сестра
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Имено на 10.03.2026 во неговиот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот внук од сестра.
Црна хроника
Се заканувал со пиштол: уапсен скопјанец
Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.И.(57) од Скопје.
Според пријавеното тој околу 10:00 часот пред домот на Д.Б.(27) од Скопје упатувал вербални закани кон него и неговата мајка, а потоа се заканувал и со пиштол.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
