Црна хроника
Измамен тетовец: останал без пари и без работна виза за Германија
Вчера во 15:10 часот во СВР Тетово, 33-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од С.Ѓ. од Охрид, вработена во приватна фирма за консталтинг.
Според пријавеното, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со пријавената за посредување за добивање германска работна виза, при што на 01.11.2024 на сметката на фирмата уплатил 24.520 денари.
Како што е пријавено, иако му било ветено дека визата ќе биде готова во рок од три месеци, до денот на пријавувањето работата не била завршена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во Центар: Мотоциклист нападнал малолетник откако му го погодил моторот со балон со вода
Малолетник бил физички нападнат на подрачјето на Центар, откако претходно заедно со другари фрлил балон наполнет со вода кон лице кое управувало мотоцикл.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 април 2026 година околу 21:00 часот од страна на неговиот татко, М.З. (57) од Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил околу 15:15 часот.
Откако балонот го погодил мотоциклистот во задното тркало, тој застанал и почнал да ги брка децата. Го стигнал пријавениот малолетник и физички го нападнал, а потоа се обидел да прегази друго дете, кое успеало да избега.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Раскопан гроб со статус на културно наследство во Старо Нагоричане
Во дворот на црква во село Карпино, општина Старо Нагоричане, бил раскопан гроб со назнака на културно наследство.
Како што информираат од СВР Куманово, настанот бил пријавен на 20 април 2026 година околу 18:10 часот, при што била искршена и извадена плочата од гробното место.
Полициски екипи извршиле увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
(Фото/Видео) Саксии канабис откриени во стан во Аеродром, уапсено едно лице
При претрес во Скопје, полицијата пронајде дрога и насади со канабис, а уапсено е едно лице.
Според информациите на МВР, вчера во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје.

При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн.
По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
