Црна хроника
Јалови обиди за кражби во продавници во Скопје
Вооружени крадци во два наврати во продавници во Скопје, во понеделникот се обиделе да го украдат прометот, при закана со пиштол, но немашо што да крадат па побегнале, јави полицијата.
Имено, во понеделникот во 15.33 часот С.Д. пријавила дека во Т.Ц. „Мавровка“ во бутик, од страна на непознато лице бил извршен обид за разбојништво. Сторителот влегол во бутикот, со пиштол и се заканил да му ги даде парите, но откако видел дека во касата нема пари, излегол и побегнал во непознат правец. Исто така, во понеделникот во 19.30 часот, Р.С. (67) од Скопје пријавила дека околу 18.45 часот на бул „Крсте Мисирков“ ,поточно во продавница за текстил, непознато лице извршило разбојништво во обид. Сторителот влегол во продавницата и со закана со пиштол побарал од Р.С. да му каже каде се парите. Истата излегла надвор и повикала помош, по што сторителот побегнал без да одземе ништо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.