Црна хроника
ЈО потврди дека има пресврт во истрагата за убиството на Адеми
Јавното обвинителство потврди дека се случи пресврт во истрагата за нападот во кој на 3 јануари смртно настрада 19 годишниот Леарт Адеми.
Две лица во понеделникот сами се пријавиле во полициска станица како напаѓачи, иако веќе шест дена во притвор е лицето А.А. како главен осомничен за нападот,
Од скопското обвинителство велат дека за првично осомничениот веднаш е побарано да се укине притворот, но и да се даде друга поблага мерка за обезбедување,јави телевизијата Алсат-М.
Претходно „Коха“ напиша дека двајцата жители на Чаир, од кои еден е малолетник, сами се пријавиле во полиција и признале оти се извршители на убиството извршено на улицата „Ресенска“.
Откако биле испрашани надлежниот обвинител издал наредба за препознавање.
На извршеното препознавање пријателот на веќе починатиот Адеми кој и самиот бил жртва ги препознал како сторители на нападот. Истото лице претходно го препозна како напаѓач и првично осомничениот А.А. Забуната од Јавното обвинителство ја припишуват на комплексноста и на фактот дека нападот се случил ноќе.
До крвавата трагедија дојде откако две групи момчиња се спречкале по банална расправија.
Леарт Адеми кој е син на спортски новинар во МТВ бил трипати избоден и починал веднаш откако е однесен во болница./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.