Црна хроника
Јован Вранишковски пуштен на условна слобода
Поранешниот владика на МПЦ-ОА Јован Вранишковски во понеделник е пуштен на условен отпуст од затворот „Идризово“.
Одлуката следи откако Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, донесе решение со кое жалбата се одбива како неоснована.
Апелациониот суд утврдил дека првостепениот суд правилно постапил кога согласно член 200-203 од Законот за извршување санкции и член 36 од КЗ, го уважил предлогот на Директорот на КПУ „Идризово“ Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, сега на издржување на казна затвор во КПУ „Идризово“.
„Со тоа, по службена должност, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје КОК – УОПК бр. 106/14 од 09.01.2015 година се уважува, а се преиначува само во делот каде е наведена датата за отпуст, односно со решението на второстепениот суд, осудениот се отпушта од издржување на казната затвор на ден 02.02.2015 година. Времето на условен отпуст трае до 23.03.2017 година“, се наведува во соопштението на Судот. /крај/со/ффс/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.