Црна хроника
Kосовец пронајден починат на бензинска пумпа во Скопје

Вчера, на бензинска пумпа на улицата Јадранска магистрала“, бил пронајден починат Б. Р. (56) од Косово.
Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица Чаир излегле на местото на настанот, а од лекар на итната медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
29-годишна жена паднала од зграда во Охрид

Во СВР Охрид, вчера попладне, околу 13.20 часот, било пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д. (29).
Ккао што информираат од МВР, тaa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата работи на расчистување на настанот.
Црна хроника
Малолетник осомничен за тешка кражба, приведен во центарот на Скопје

Вчера во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“.
Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, информира МВР.
Црна хроника
Велосипедист во Охрид тешко повреден по удар од автомобил

Вчера во 10.50 часот на крстосницата од бул. Туристичка со ул. Аџи Мустафа во Охрид патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид.
Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
За настанот, како што соопшти полицијата бил известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.