Црна хроника
Кај Припор не била најдена бомба, туку оксигена боца
Во близина на скопската населба Припор не била најдена авионска бомба, како што беше соопштено претходно, туку оксигена боца од 1,5 метри, соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во првото соопштение од оваа институција беше наведено дека во близина на населба Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, е пронајдена авионска бомба од голем калибар, првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми.Но, по извршеното ископување утврдено е дека се работи за оксигенска боца.Нема понатамошна опаснот во реонот каде беше пронајдена боцата, соопштуваат од ДЗС./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.