Црна хроника
Кај зетот на гости избодел друг човек
Еден човек е избоден во грбот, а другиот се здобил со исеченици по рацете, по вербална расправија во село Палатница, тетовско.
Имено, во неделата околу 21.55 часот во СВР-Тетово, лекар од Клиничката болница Тетово – хируршко одделение, пријавил дека биле донесени повредени со нож И.Н.(47) од село Палатница-тетовско, и С.С.(31) од истото село, каде им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите, убодна рана во пределот на грбот, И.Н. бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата извршила увид во куќата на С.С , по што било констатирано дека С.Х.(55) од село Анаркија, Сарај, кој бил на гости кај неговиот зет С.С. започнал вербална расправија со И.Н. при што С.Х. извадил нож со кој му задал удар на И.Н. во пределот на грбот додека С.С. при обид да му го земе ножот на С.Х. се здобил со расекотини во пределот на рацете. По настанот С.Х. сам се пријавил во поицијата во Групчин, по што бил извршен разговор. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.