Црна хроника
Камионџија украл стока што ја превезувал во вредност од околу 100.000 долари
Скопски камионџија е осомничен дека извршил кражба во вредност околу 100.000 долари на дел од транспортот што требало да го пренесе од солнското пристаниште во Македонија.
СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против К.К.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Пријавениот во временскиот период од 01.10.2013 година до 02.10.2013 година на релација Битола-граничен премин Богородица-Евзони (Р.Македонија-Р.Грција) од бродски контејнер (кој пријавениот го превезувал со камион), со намера да се стекне со противправна имотна корист, на непозната локација, извршил истовар на 11.628 кг. тутун (76 кутии по 154 кг. секоја кутија).
На нивно место утоварил повеќе кубици пресно буково огревно дрво, со цел да ја надомести тежината на одземениот товар. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист и воедно ја оштетил Медитеранска бродска компанија МСЦ, со претставништво во Скопје за сума од 98.380 УСД или околу 4.430.000 денари. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени пет лица од Гостиварско, украле добиток и го продале
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате, вчера во 16 часот и 15 минути и 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: 23-годишниот Е.Ф., 18-годишниот Ј.М., 27-годишниот Е.А., 18-годишниот А.Д. и 32-годишниот И.Ф., сите од гостиварски Добридол, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека во периодот од 23.03. до 28.03.2024 од штала сопственост на 38-годишниот С.М. од истото село, противправно одзеле добиток и потоа го продале на друго лице од тетовско“, соопшти СВР Тетово.
Задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Две лица од Тетовско измамени за 11 илјади евра: Албанец им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, ниту отворил, ниту ги вратил парите
Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.
„Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.