Црна хроника
Канабисот е најупотребуваната дрога во ЕУ
Канабисот е најупотребуваната дрога во Европа, а побарувачката на хероинот стагнира, се наведува во годишниот извештај за состојбата со дрогите во 28-те земји на Европската унија објавен во четвртокот од страна на Европската агенција за борба против дрогите (EMCDDA).
На претставувањето на новиот извештај Европската агенција за борба против дрогите (EMCDDA) во португалската престолнина Лисабон се предупредува дека забранетите дроги во Европската унија се посилни и дека имаат поголем степен на чистота.
Минатата 2014 година во Европа неделни биле откривани по два нови вида дроги, така што сега има вкупно 450 супстанции коишто се под надзор на EMCDDA.
„Сложеноста на проблемот со дрогите сега е далеку поголем, а многу од денешните дроги пред дваесет години практично беа непознати. Границите меѓу старите и новите дроги е сé потешко да се дефинираат, имајќи предвид дека новите супстанции сé повеќе ги имитираат контролираните дроги“, изјави претставникот на дирекцијата на EMCDDA. Жоао Гулао.
Од агенцијата наведуваат дека 19,3 милиони возрасни лица користеле канабис во текот на минатата година. Додека во минатата деценија употребата на канабисот опаднала во Германија, Шпанија и Велика Британија, нејзино зголемување е регистрирано во Бугарија, Франција, Данска, Финска, Шведска и Норвешка.
Од EMCDDA, исто така, известија и за сé поголемиот обем на шверцувањето на хероинот преки ткн „јужна рута“, којашто почнува од Авганистан, Иран и Пакистан, и доаѓа во Европа преку земјите од Арапскиот полуостров, како и од источна, јужна и западна Африка.
„Освен сé поголемиот број рути и методи за криумчарење на опиумот, проблемот дополнително го комплицира и фактот дека клучните фази на процесот на производство на хероинот сега се одвиваат во Европа“, вели директорот на агенцијата Волфганг Гец./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.