Црна хроника
Кавадарчанец ја нападнал сопругата со секира
Кавадарчанец ја нападнал со секира својата сопруга и и нанел тешки повреди на главата, соопшти полицијата.
Според истиот извор, 58-годишен жител на Кавадарци пријавил дека ја нападнал неговата 59-годишна сопруга со секира нанесувајќи и повреди во пределот на главата при што таа се здобила со тешки телесни повреди.
Жената е пренесена во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, од каде поради сериозноста на повредите е префрлена во Градска хируршка клиничка болница Наум Охридски во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.