Црна хроника
Кавадарчанец нападнат од сопругата
Кавадарчанец бил физички нападнат од неговата сопруга, која во налет на бес, го гризнала за палецот.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во сабота околу 17.45 часот, во канцеларија на приватна фирма во Кавадарци, З.И.(41) влегла и започнала со разни предмети да фрла по Т.И.(46). Притоа, тој бил погоден во пределот на главата и телото, а во еден момент бил гризнат на палецот од левата рака. Т.И., со цел да го одбие нападот, ја турнал неговата сопруга. На Т.И. му била укажана лекарска помош во ЈЗУ, додека З.И. била лишена од слобода и со истата бил извршен разговор, по што поднела пријава против нејзиниот сопруг за сторено кривично дело „телесна повреда“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.