Црна хроника
Кавадарчанец прегазил сограѓанин
Дваесетгодишен кавадарчанец прегазил пешак нешто по полноќ во средата, по што пешакот подоцна починал во болница.
Како што соопшти полицијата, на ул. „Страшо Пинџур“ се случила сообраќајна незгода во која С.Ц. (20) од Кавадарци, управувајќи автомобил „Форд Фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот Л.Ј. (57) од Кавадарци.
Повредениот бил пренесен во Општа болница Кавадарци од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Клинички центар Скопје, каде од здобиените повреди истиот ден во попладневните часови починал. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.