Црна хроника
Казнети 723 скопски возачи, 38 возеле под алкохол, 24 без дозвола а 36 пребрзо
Секретаријатот за внатрешни работи Скопје во текот на изминатата седмица спровел зајакнати контроли на подрачјето на главниот град при што од страна на сообраќајната полиција биле санкционирани вкупно 723 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 38 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 62 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 24 возачи, кај 29 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 36 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 28 возачи управувале возило со над 90 километри на час во населено место.
Изречени се и 21 казна за прекршок за некористење на сигурносниот појас, 47 прекршоци за зборување на мобилен телефон во текот на управување со возило, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 206 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се девет прекршоци. За недавање првенство на минување изречени се два прекршока, за непрописно престројување изречени се четири прекршоци. За непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај осум возила е утврдена техничка неисправност и со пајак службата подигнати се вкупно 196 возила За прекршоците што ги чинат пешаците, пак, изречени се 14 казни.
Исто така во изминатиот период, односно од промоцијата на проектот „Предложете сообраќајна контрола”, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи пристигнаа вкупно 73 предлози од граѓаните од повеќе градови низ Република Македонија.
По постапувањето на сообраќајната полиција по предлозите добиени од страна на граѓаните беа констатирани повеќе прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај и тоа: брзо возење, паркирање на коловоз и на тротоар, паркирање на тротоар и пешачка патека, поминување на затворен семафор – црвено светло, користење на мобилен телефон за време на управување итн.
Притоа беа изречени вкупно 63 мерки, 39 покани и 27 платни налози за констатираните прекршоци. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.