Црна хроника
Ќе им се суди на сопружниците кои претепаа тригодишно девојче до смрт
На 21-ви ноември стартува судскиот процес во којшто ќе им се суди на сопружниците кои до смрт претпеаа тригодишно девојче во март годинава, соопштуваат од Основниот суд 1.
Обвинеттие се товарат за убиство односно за убиство со умисла на малолетно лице, со соизвршителство. Запретена казна затвор за овој член од Кривичниот законика изнесува најмалку 10 години затвор или доживотен затвор.„Против обвинетата Ј.М. е изречена забрана да ја напушта територијата на Градот Скопје, и забрана да ги види своите две малолетни деца кои се згрижени во старателско семејство. Обвинетиот Џ.Б. од неговото пронаоѓање и лишување од слобода од 17.10.2014 година е на издржување мерка притвор во траење од 30 дена, определена од Кривичен совет на овој Суд“ се вели во соопштението од Судот.Се измокрило на тепихот, па соседот со електричен кабел ја претепал до смрт. Неколку години постариот брат на убиеното девојче и едно од децата на осомничените во својство на сведоци и во присуство на социјален работник на инспекторите им раскажале што виделе и чуле од страшната случка.Сопружниците ги чувале децата додека нивната мајка била на работа. По трагедијата и се јавиле и и рекле дека девојчето паднало по скали, но резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта кај малото девојче била насилна./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.