Црна хроника
Ќе се вештачат телефоните за да се расветлат убиствата во Волково
Јавен обвинител нареди вештачење на телефоните пронајдени на местото каде што вчера скопјанец уби мајка и ќерка, а потоа самиот се застрела со пушка, бидејќи според првичните информации, на убиствата им претходела интензивна комуникација која може да ги открие мотивите за злосторството.
„Обвинителот издаде и наредба до МВР – Внатрешна контрола за испитување на случајот и доставување на целосен извештај за минатото поведение на починатиот маж, во однос на тоа дали досега е пријавуван и евентуално преземените дејствија од внатрешна контрола и редовните полициски служби во врска со неговите постапки. Првичните сознанија упатуваат на извршено двојно убиство и самоубиство од страна на починатиот маж, а мотивите за стореното дополнително ќе се утврдуваат“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.Двојното убиство и самоубиството се случија во средата вечерта околу 19 и 30 часот во скопско Волково. Четириесет и четиригодишниот Дончо Ѓ. најпрво отишол во куќата на сосетките, каде што, најверојатно по вербална расправија, ги застрелал Елена В. (76) и Снежана Н. (57).Убиените жени биле во роднинска врска, односно мајка и ќерка. Според полициски информации, Дончо Ѓ. ги застрелал со огнено оружје пушка, со кое подоцна во дворот од истата куќа се застрелал самиот.Неофицијално, Дончо бил во љубовна врска со ќерката на сега убиената Снежана која веќе два месеца е надвор од државата поради работа на брод.Инаку, Дончо бил вработен во администрацијата на МВР, и поради тоа обвинител издал наредба до Внатрешна контрола на МВР да го испита случајот и да му достави целосен извештај за поведението на сега починатиот, односно дали досега бил пријавуван./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.