Црна хроника
Кичевец пронајден мртов во својот дом
Кичевец е пронајден мртов во среда попладне во неговиот дом на улицата „Јосиф Јосифоски-Свештарот“ во Кичево, а безживотното тело го пронашол неговиот син.
Тој, при влегување во куќата забележал претурање на предметите од покуќнината а во една од собите на приземјето го видел телото на неговиот татко, Зулфиќар М. (77).Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево кој забележал видливи повреди во пределот на главата.На местото на кривично правниот настан, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, полициски старешини од СВР Охрид, вешти лица од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи како и полициски службеници од полициската станица Кичево. Притоа, константирано е дека кривичното дело е извршено во временскиот период помеѓу 9-ти и 10-ти овој месец од засега непознат сторител кој насилно и со кршење на стакло од светларникот направил отвор, влегол во внатрешноста на куќата и извршил пребарување низ собите на приземјето и горниот кат. При извршувањето на делото, случен е напад врз животот и телото на сега починатиот сопственик на куќата.По наредба на Јавниот обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на сега починатиот како и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело. /крај/со/ст
Извор: СВР Охрид
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.