Црна хроника
Кичевец сакал да му помогне на сограѓанин, но го згмечил
Кичевец сакал да му помогне на свој сограѓанин, односно да го извлече неговото комбе, но го притиснал меѓу двете возила од што починал на лице место.
Несреќата се случила во вторникот околу 20.50 часот на регионалниот пат Демир Хисар-Кичево, на крстосницата кај село Големо Илино. Педесет и седумгодишен кичевец со автомобил „мерцедес“ се враќал наназад за да му помогне на својот педесет и осумгодишен сограѓанин при влечење на неговото комбе „фиат дукато“. Притоа удрил во него, додека тој стоел до паркираното комбе. Го притиснал меѓу двете возила, по што педесет и осумгодишниот кичевец починал на самото место.Смрт е констатирана од страна на лекар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, при што возилата се обезбедени за вештачење. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
71-годишна жена е хоспитализирана откако jа нападнале две лица
Денеска од Градската општа болница „8. Септември“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71-годишна жена од Скопје.
Според пријавеното во МВР, таа се здобила со повреди вчера околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.