Контакт

Црна хроника

Кога ќе излезам ќе ве исечам на парчиња, закана од обвинет од „Детонатор“ до судијката

Објавено пред

Кога ќе излезам од затвор ќе ве исечам на парчиња, ќе ви ставиме бомба и вие ќе летнете, ова се дел од заканите коишто осудените во случајот „Детонатор“, Јорданчо Михајлов и Жан Железарски и’ ги упатиле на судијката во овој случај, Весна Димишкова при објавувањето на пресудата на 24 декември 2013 година.

dobivaj vesti na viber

Осудените во четвртокот повторно седнаа на обвинителна клупа и им се суди за заканите што и’ ги упатиле на судијката на денот на објавувањето на пресудата.Судијката Димишкова утрово пред Судот детално опиша што се случило и какви закани и упатиле обвинети од случајот „Детонатор“. Негодувањата започнале уште кога почнала со читањето на казните на обвинетите. „И вие ќе седнете на ова место, каде ќе ви оди душата, ова го судите по директива и вие имате семејство, ќе ви ставиме бомба и вие ќе летнете“, рекол Јорданчо Михајлов, додека Железарски и’ порачал дека „по дваесет години, кога ќе излезам од затвор, ќе ве исечам на парчиња од глава до доле“. Иако судијката претходно ги опоменала, ги погледнала директно во очи за да не го нарушуваат редот во судницата, негодувањата продолжиле, а кога судечкиот совет се повлекол за да одлучува за притворот на обвинетите тие продолжиле да и’ се закануваат и да ја навредуваат обвинителката, упатувајќи закани по нејзиниот живот.За заканите кон судијката, дознале и членовите на нејзиното семејство од медиумите, па нејзиното дете не сакало да оди во училиште.„Другарчињата во училиште го прашувале дали навистина мајка му ќе ’летне’. Додека траеше целиот процес, секогаш кога ќе го ставев во погон мојот автомобил си велев ’Фала ти Боже, не летнав’“, раскажа судијката која се плашела да не биде монтирана бомба под нејзиниот автомобил, имајќи предвид дека на дел од обвинетите им се судеше поради тоа што двапати му подметнаа бомба под автомобилот на кочанчанецот Драганчо Стојменов.По објавата на пресудата, припадници на МВР ја предупредиле да не го напушта судот без нивно обезбедување, бидејќи имале сознанија дека околу судот имало групи блиски на обвинетите кои ја чекале. Била спроведена со обезбедување, а една група ја чекала на раскрсницата на Македонската радио телевизија. Потоа одреден период била обезбедувана од полицијата.„По објавата на пресудата. од страв во возилото не дозволував да влезе заедно со мене моето дете, па од него барав да стои надвор од гаражата и да внимава да не го чукнам возилото додека излегувам, му давав да фрли отпадоци“, сведочеше Димишкова.Притисоците до судијката за овој случај почнале уште пред да почне судењето. На 12-ти  септември 2012 година во нејзината канцеларија дошло лице кое и’ објаснувало дека и’ се јавило друго лице од Австрија кое сакало да и’ се пренесе на судијката дека тој ги знае обвинетите од мали нозе дека биле мирни деца и дека „ни на мравка не згазнале. Притисоци имала постојано, за време на судскиот процес и јавно ги опоменала роднините на обвинетите „ да престанат да ми праќаат ’сватови’, оти со тоа ништо нема да постигнат“. Судењето не е тонски и визуелно снимано, но членовите на судската полиција во Судот потврдија дека обвинетите и’ се заканувале на судијката.Обвинетиот Жан Железарски рече дека судијката не ја зборува вистината и дека на интернет имало „две илјади клипови снимени“ од објавувањето на пресудата и на нив се гледало дека нема никаква реакција од ниту еден обвинет.Јорданчо, пак, изјави дека во ниту еден момент не и’ се обратил на судијката , туку кога заминала на консултации по објавата на пресудата, искоментирал дека не е човечки ова што се случило, дека на секој може да му се случи да седне на обвинителна клупа, да биде наместен како што тие биле наместени од страна на Драганчо Стојменов. „Тој нé намести, ни го направи ова, дека има Господ и еден ден сé ќе излезе на виделина. Не знам каде ќе ви оди душата“, искоментирал наводно Михајлов. Во овој случај Железарски е осуден на казна затвор од 14,6 години, додека Јорданчо Михајлов на 12,6 години затвор.Судскиот совет ја објави одлуката за 15-мината обвинети за рекетирање и лихварство, во судскиот процес познат под името „Детонатор“. Во случајот им се судеше на 16 лица за лихварство, рекетирање и обиди за убиство, а двајца од нив беа осудени доживотен затвор./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија11 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија13 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија14 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија15 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија17 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ18 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија18 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија18 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија21 час

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет21 час

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет21 час

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија21 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион22 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет22 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет22 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...