Црна хроника
„Командант Сула“ од Косово екстрадиран во Македонија
Педесет ипет годишниот Сулејман Османи, познат и како „Командант Сула“, е екстрадиран во во четвртокот од Косово, каде што во јули минатата година беше уапсен по распишана меѓународна потерница во Македонија.
Од Министерството за внатршни работи ги потврдуваат претходните извештаи на медиумите на албански јазик, дека Османи е предаден на Македонија.
Таканаречниот „Командант Сула“ е обвинет за низа кривични дела поврзани со терористичкиот напад во кумановската населба „Диво насење“ минатиот јуни, кога во судир со милитантната доброи вооружена и дубро увежбана група беа убиени осум македонски полицијаци.
Османи претходно беше уапсен во Македонија, меѓутоа под чудни околности со лисици на рацете, успеа да ѝ избега на полицијата додека го покажуваше теренот во Гошинце каде претходно дејствувал со терористичката група./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.