Црна хроника
Конфузни изјави на сведоците за убиството во Ѓорче Петров
Сведокот кој го пријавил во полиција убиството на матурантот Ангел, коешто се случи во мај минатата година, не видел точно што се случувало на насипот на реката Вардар, каде според обвинението, Насер Ештрефи го прободел со нож матурантот Ангел, но повикал полиција откако ги слушнал повиците за помош на таткото на Ангел.
Тој ден, сведокот Добре Мартиновски со велосипед се движел по насипот кога забележал метеж на оддалеченост од 150-200 метри. „Видов како едно лице удира друго лице. Се исплашив и се сокрив зад грмушките“, рече сведокот и не знаеше да објасни што точно се случило на насипот бидејќи за секунда го свртел погледот од метежот и се сокрил.Токму тој го пријавил случајот во полиција, откако го слушнал таткото на Ангел како пред Европската болница за очни болести бара помош. „Јас можеби немаше да пријавам да не слушав повици за помош“, изјави сведокот.Овој сведок во истрагата тврдел дека „видел како две лица тепаат едно лице, едниот во раката држел палка или стап, не знам“, па ова му го предочи адвокатот на обвинетиот, Насер Ештрефи, Ангел Ѓорѓиев.„Не е точно дека две лица тепале едно лице. Мислев дека е група, па пријавив во полиција дека две лица тепаат едно лице“, рече сведокот кој додаде дека околу лицата што се тепале имало уште неколку лица.Детали за тоа што се случувало тоа попладне во Ѓорче Петров не кажа ниту еден од полицајците од полициската станица Ѓорче Петров. Суад Мебди кој го прифатил обвинетиот, дури и не знаел дека уапсениот убил момче, туку го прифатил од колегите од претходната смена и го предал на „алфите“ за прекршокот „нарушување на јавен ред и мир“. При примањето на обвинетиот и при предавањето, не му биле ставени ниту лисици. Што се случило поточно дознал откако го предал на „алфите“, кога сменоводителот му кажал детали. Додека обвинетиот бил под негов надзор, се пожалил дека има болки во грбот. „На грбот имаше црвени линии, на рацете имаше крв и расекотнини“, изјави полицаецот.Полицаецот тврдешри предавањето добил службени документи во кои пишувало дека обвинетиот не бил тепан со пендрек во полициската станица и тврдеше дека ниту тој не му нанел никакви повреди.После него пред судот сведочеше полицаецот кој го уапсил обвинетиот Фејзула Умир. Го затекнале како трча по тротоар во Ѓорче Петров, а го бркаат неколку лица. Кога му пришол и го уапсил обвинетиот му рекол „Ме тепаа“. Ниту овој полицаец не знаел дека се случило убиство во Ѓорче Петров и не му ставил лисици на обвинетиот. Категорично тврдеше дека единствено што му нашле било телефон, кој веднаш му го одзеле.Кога стигнале во полициската станица, дознал дека се случило убиство и заедно со двајцата колеги биле испратени да се вратат кај Европската очна болница. Но на сведокот му се слошило и со колегите заминале во болница. На сведокот му се слоши и денеска додека сведочеше пред судот.Судењето продолжува со испрашување на сведоци.Адвокатот на обвинетиот на почетокот на рочиштето побара на Ештрефи да му биде направена компјутерска томографија и магнетна резонанца на главата бидејќи чувствувал неподносливи главоболки и по интервенцијата на затворскиот лекар и имал прогресивна намалена видливост на едното око. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.