Црна хроника
Крадец нападнал полицаец со нож откако бил фатен на дело
Крадец нападнал со нож полицаец откако бил фатен на дело како обива и краде од автомобил.
Настанот се случил во петокот, кога полицаецот на ул. “Филип Втори Македонски“ го забележал Ј. П., (25 годишен-познат сторител на кривични дела) како провалува во возило „Нисан Микра“ со грчка национална ознака. Ј.П. насилно ја отворил предната лева врата на возилото, седнал на возачкото седиште и пребарувал низ автомобилот, по што полицискиот службеник се доближил до осомничениот, се лигитимирал и му наредил да излезе од возилото. Ј.П. во тој момент од чантата која ја носел на појасот извадил нож, го отворил и со десната рака почнал да замавнува кон полицискиот службеник со намера да го лиши од живот, по што истиот ја турнал вратата од колата за да се одбрани, а Ј.П. продолжил да замавнува со ножот, при што го скршил внатрешниот ретровизор. Полицискиот службеник повикал интервентна екипа на полицијата која дошла, му го одзела ножот на Ј.П. и го привела во СВР Битола. Од страна на ОС-Битола на Ј.П му е одредена мерка „притвор“ во траење од осум дена. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.