Црна хроника
Крадел по куќи и автомобили, украл околу 100.000 денари
Скопјанец крадел по куќи кај Бит Пазар и автомобили и од летото досега извршил четири кражби и украл околу 100.000 денари.
Деветнаесетгодишниот скопјанец кривичните дела ги извршил во периодот од 28 јули до 12. овој месец и тоа две тешки кражби во куќи и две кражби во автомобили.
Првата тешка кражба во куќа ја извршил во раните утрински часови на тој начин што откако се уверил дека нема да биде забележан од никого се прекачил преку оградниот ѕид и преку незаклучената влезна врата влегол во куќата од каде што украл лап топ и еден телевизор и избегал.
Втората тешка кражба во куќа ја извршил во доцните вечерни часови, се прекачил преку оградата од задниот дел од дворот и со употреба на подесен алат делувал помеѓу вратата и касата од вратата. Влегол внатре од каде што украл телевизор, но во моментот кога го изнесувал од куќата во дворот бил забележан од страна на братот на оштетениот. Го фрлил украдениот телевизор оштетувајќи го, и избегал.
Кражбите во автомобили ги извршил преку ден и двете на булеварот “Никола Карев“. Првата на тој начин што со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од десната предна врата и преку направениот отвор ја отворил вратата и украл една платнена чанта во која имало лични документи и избегал.
Втората, пак, ја извршил на тој начин што преку незаклучената врата на возилото влегол внатре од каде украл една женска кожна јакна, паричник со пари и лични документи. Дел од украдените предмети (лап-топ и телевизор ) се одземени таткото на пријавениот, а платнена чанта со лични документи се одземени од пријавениот.
Против него се поднесени кривични прријави за три тешки кражби и една кражба. Според крим евиденцијата на СВР Скопје во период од 2011-2015 година од страна на СВР Скопје против А.М. поднесени се 16 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен ученик во основно училиште во Влае: скршил дел од инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници
Вчера, во 12.40 часот, во основно училиште на подрачјето на населбата Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавната установа за згрижување деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал и соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.