Црна хроника
Краделе дрва за огрев, па се заканувале дека ќе ги запалат сосе автомобилот
Тројца завршија во притвор, еден во домашен притвор откако краделе два за огрев, па се расправале со полицјаците и се заканувале со подметнување пожар на автомобилот со дрвата во Гевгелија.
Имено, во вторникот, Ѓ.В (26), Н.А (23), Р.В (22) и Н.В (42) од село Стојаково извршиле бесправна сеча на огревни дрва во атарот на село Стојаково наменети за продажба на лице од истото село, по што исечените огревни дрва ги натовариле во автомобил и се упатиле кон семејната куќа на нарачателот Д.В (20).Во моментот кога ги растоварале огревните дрва пристигнала полициска патрола по што им било побарано да достават на увид документ за сечените огревни дрва. Откако полициските службеници утврдиле дека се работи за кражба на огревни дрва повикале шумска полиција и увидна екипа од Гевгелија. До моментот на нивно доаѓање од страна на полициската патрола била побарана интервенција од дополнителен број полициски службеници, бидејќи прво пријавениот Д.В.упатувал закани и дрско се однесувал кон полициските службеници.Во тој момент ги повикал по телефон второ, трето и петто пријавениот. На лице место дополнително пристигнала и шесто пријавената,мајка на прво пријавениот, која првично го смирувала прво пријавениот, но потоа како и останатите почнала дрско да се однесува. Кога полицијата им рекла дека шумска полиција натоварените дрва и возилото ќе му ги одземе, мајката го поттикнуваласинот да го запали автомобилот со дрвата напрскувајќи го со бензин. Тој го полил возилото најверојатно со запалива течност, но, не го запалил, зел нож со кој ги исекол пневматиците, а потоа со дрво ги искршил стаклата правејќи поголема штета на возилото.Со ваквото однесување прво пријавениот ги попречил полициските службеници да си ги завршат службените задачи а второ, трето и петто пријавениот за цело време го подржувале , упатувале закани и ги попречувале полициските службеници во вршење службено дејствие.Од страна на полициските службеници бесправно сечените дрва привремено се одземени и пренесени до складот на Шумското стопанство во Гевгелија. Од страна на судија на претходна постапка на прво, второ и трето пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена а на петто пријавениот му е одредена мерка куќен притвор во траење од 8 дена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.