Црна хроника
Краделе пари, накит, мобилни и оружје
Во последното деноноќие извршени се неколку кражби во Македонија, при што украдени се пари, мобилни телефони, златен накит, документи и пиштол.
Во петокот околу, 20 часот во Струмица две непознати лица го нападнале физички Д.А.(29) и му одзеле паричник со околу 10.000 денари и мобилен телефон.
Во саботата околу 20 часот во Скопје на ул.„Даме Груев“ непознат сторител извршиле разбојништво над С.С. (44) при што и одзел еден ранец во кој имало паричник со сума на пари од околу 3.000 денари, документи и два мобилни телефони. Крадецот од зад грб ја турнал на земја жената при што таа си го повредила десното рамо, по што тој и го одзел ранецот и избегал. Со кражбата се стекнал со противправна имотна корист од околу 25.000 денари.
На 12/13 март година во Скопје на ул.„Финска“ непознат сторител со употреба на погоден предмет и физичка сила насилно ја отворил влезната врата од куќа сопственост на К.Т.(67) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, 200 австралиски долари, 2.000 денари и документи по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 45.000 денари.
Во саботата, во Прилеп на ул.,,Мирче Ацев“ непознат сторител насилно ја тргнал металната решетка од прозорец на соба од куќа сопственост на Ј.И.(69) по што влегол и извршил тешка кражба при што одзел пиштол марка „Брунер“ Ч3-75 калибар 9 мм во кој имало 10 куршуми и резервна празна рамка по што го напуштил местото на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.