Црна хроника
Кражба во Битола: Украл службен пиштол, денари, австралиски долари и накит
Во временскиот период од 17-ти до 21-ви август во Битола во куќа на улица „Буковски мост“, засега непознат сторител извршил кражба пришто се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 90 илјади денари, информираат од МВР.
Во временскиот период од 17-ти до 21-ви август во Битола во куќа на улица „Буковски мост“, засега непознат сторител извршил кражба пришто се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 90 илјади денари, информираат од МВР.
Според информациите на МВР, крадецот со подесен алат делувал на задната дрвена врата од визбата преку која влегол во спалната соба од каде одзел службен пиштол м.ЦЗ 99 кал. 9мм. во кој имало рамка со 15 куршуми, паричник во кој имало 7 илјади денари, 100 австралиски долари и разновиден златен накит, по што го напуштил лице местото.
Увид на лице место извршила увидна екипа, а од страна на СВР-Битола се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.