Црна хроника
Криминално исцицан капиталот од казино „Аполонија“ и хотел „Југо“ од Гевгелија
Огранизирана криминална група составена од македонски и странски државјани на Велика Британија и на Шведска, во периодот од 2004 до 2007 година, со намера да се стекнат со имотна корист и капитал, извршиле повеќе кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари, а обвинителството им поднесе кривични пријави.
Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против П.Т. (69) од Лондон, Англија, со привремен престој во Гевгелија и поранешен управител во „Југосвен“, Гевгелија , А.Р.(64) од Гевгелија, поранешен управител во „Корона Интернационал“ ДОО Скопје, во „Југосвен Гевгелија-Турист“ и во „Корнелија“ ДОО од Гевгелија , Л.К.(45) од Скопје, поранешен управител со ограничени овластувања на „Корона Интернационал“ ДОО од Скопје , З.Ш.(56) од Гевгелија, адвокат на „Југосвен Гевгелија-Турист“, „Стелар Интернационал“ Маџуро, Република Маршалски Острови и полномошник во „КХЛП“ ДООЕЛ од Скопје, Ж.К.П.(48) од Гевгелија, адвокат на „Стелар Интернационал“, Маршалски Острови, Ј.М.(45) од Гевгелија, адвокат на „Ајтона Холдинг“, Панама и „Стелар Интернационал“, Маршалски Острови, С.К.(60) од Штип, Судија во Основен Суд Гевгелија, како и против Б.Ф.(44) од Екеро, Шведска, овластен потписник на сметката на „Стелар Интернационал“ од Маршалските Острови.Пријавениот П.Т. во содејство и со помош на другите пријавени, извршил неоснован пренос на капитал од едно во друго правно лице одбегнувајќи го плаќањето на даночните обврски со кои УЈП ги задолжило правните лица „Југосвен Гевгелија-Турист“, Гевгелија и „Корнелија“ ДОО, Гевгелија, со две работни едници, Аполонија Казино и Хотел Југо Гевгелија. Од овие две правни лица во периодот од 2004 до 2007 година, неосновано се префрлал капиталот, преку склучување на лажни Договори во 2004, 2005 и 2006 година, како да се извршени менаџерски, консалтинг услуги и агентура, врз основа на кои се изготвувани лажни фактури со кои се создале непостоечки обврски, односно непостоечки побарувања за фактички неизвршени услуги, во вкупен износ од 254.811.657,00 денари или 4.143.425 евра.По ова, поголемиот дел од овие парични средства во вкупен износ од нешто повеќе од два милиони евра, ги присвоиле во корист на нивните поврзани правни субјекти „Стелар Интернационал“ и „Корона Интернационал“ ДОО и ги пуштиле во оптек во легалниот платен промет, при тоа користејќи и сметки во странски банки и истите ги присвоиле за свои потреби, со што пријавените П.Т., А.Р., Л.К. и Б.Ф. го сториле кривичното дело „перење пари “, а пријавените З.Ш., Ж.К.П. и Ј.М. го сториле кривичното дело „помагање“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.