Контакт

Топ

Кривична против поранешен директор во Тутунски комбинат Прилеп и уште две лица, го оштетиле буџетот на компанијата за 3,3, милиони денари

Објавено пред

Полицијата поднесе кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, со сторени повеќе кривични дела го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари, соопшти МВР.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и „фалсификување службена исправа“ и правно лице од село Мало Коњари, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Првопријавениот Љ.Б., во 2021/2022 година работел во АД „Тутунски Комбинат“ – Прилеп на работно место координатор на група за обезбедување, а второпријавениот во истиот период бил генерален извршен директор на АД „Тутунски Комбинат“, третопријавениот Ј.Д. е сопственик и управител на четвртопријавениот правен субјект, овластена фирма за откуп и продажба на отпадни материјали со која АД „Тутунски Комбинат“ Прилеп има склучено договор за откуп на отпадни материјали.

Во првото тримесечие на 2022 година, првопријавениот Љ.Б., спротивно на член 3 од Одлуката за одобрување на отпис од сметководствена евиденција и продажба на основни средства, ситен инвентар и резервни делови како отпадни материјали, по негов усмен предлог од тогашниот генерален извршен директор, второпријавениот К.С., му било овозможено тој да ја спроведе продажбата на отпад наместо референтот за управување со отпад.

Во текот на февруари 2022, првопријавениот со помош на третопријавениот Ј.Д. прикриле најмалку 185.000 килограми отпадно железо од Работна единица Заводи – Мажучиште и не ја евидентирале на сметка на тутунскиот комбинат, а била предадена и откупена од правното лице од село Мало Коњари по повисока цена за два денари од килограм.

Но, наместо на сметката на АД Тутунски комбинат, од правното лице од село Мало Коњари биле изготвени фиктивни откупни белешки за предадено отпадно железо во просек по околу 25 000 килограми по лице на име на осум физички лица (блиски лица на првопријавениот), со изјави за потеклото на отпадот. Воедно, и паричните средства биле префрлени на банкарски сметки на седум физички лица, како и на личната банкарска сметка на првопријавениот Љ.Б..

По префрлањето на паричните средства на нивните трансакциски сметки во банки, тие ги подигнувале во готово и му ги предавале на првопријавениот.

На ваков начин на сметките биле префрлени парични средства во вкупен износ од 3.338.328 денари и за тој износ е оштетен АД Тутунски Комбинат Прилеп. Додека, на АД Тутунски Комбинат по основ на продажбата на отпадното железо, од правното лице од село Мало Коњари исплатени се парични средства во вкупен износ од 1.274.560 денари.

Најново

Свет11 минути

Со автомобил се забиле во златарница во Германија и украле вредни предмети, двајца уапсени

Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од...

Свет17 минути

(Фото+видео) Руски дронови и ракети погодија повеќе украински региони, има загинати и десетици повредени

Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15...

Македонија30 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника37 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет1 час

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион1 час

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија2 часа

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет2 часа

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет2 часа

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...