Црна хроника
Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според пријавата, на 5 август 2025 година, осомничениот од странски телефонски број контактирал жена од Тетово и од неа побарал 20.000 евра, тврдејќи дека издржува затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина.
Како што е наведено, тој испраќал пораки со закани и уцени до жената и нејзината мајка, тврдејќи дека поседува видео снимки кои ќе ги објави доколку не му бидат обезбедени парите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка
На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Имено, на 13.05.2026 во полициска станица, 61-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 09.05. до 13.05.2026 на мобилна апликација на негов број добивал пораки од едно лице кое го уценувало и барало од него да му исплати 8.000 евра, во спротивно за него ќе објавел компромитирачки фотографии, видео материјали и разговори. Како што е пријавено, тој со лицето договорил да му даде 4.000 евра и го договорил местото и времето на примопредавање на парите, по што пријавил во полициска станица и му биле дадени крим-технички обработени пари.
Откако лицето ги земало парите со ковертот било забележано од полициски службеници и било лишено од слобода, по што било утврдено дека станува збор за Е.И. од Скопје.
При лишувањето тој турнал полициска службеничка, која се здобила со повреди и се обидел да побегне, но бил фатен и приведен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Измамена жена во Градско: Ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и земале 240.000 денари
Измамена жена во Градско, ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и дека за операција се потребни 240.000 денари. Жената ги однела парите пред болница и ги дала на женско лице, а подоцна сфатила дека е измамена.
Според информациите на МВР, вчера во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари.
Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница.
Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот
Скопјанец нашол стара рачна бомба додека го чистел дворот на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите на МВР, вчера во 08:38 часот во СВР Скопје, А.С.(38) од Скопје пријави дека при чистење на дворот на подрачјето на Гази Баба пронашол стара рачна бомба.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гази Баба, а бомбата била подигната за понатамошна постапка.
