Црна хроника
Кривична и притвор за мајка што си го удри бебето од земја
На триесетгодишна скопјанка ѝ е одреден 30-дневен притвор, а против неа е поднесена и кривична пријава поради тоа што е осомниечна дека тешко го повредила своето 19-месечно дете, извести во неделата Министерството за внатрешни работи
Инцидентот се случил 31-ви август, околу 18 часот, на улицата „Аминта Трети“ кога осомничената идентификувана си иницјали А.Х., на 30 години од Скопје, започнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа во еден момент го зела нејзиното 19 месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце по главата и по телото, а во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја. ‘
Настанот го забележал случаен минувач кој пријавил во Единицата за информации и команда при СВР Скопје, по што од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото и известена службата за итна медицинска помош, бидејќи било проценето дека детенцето не е во добра здравствена состојба.
По укажаната медицинска помош детето било пренесено на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде што било примено и задржано за натамошно лекување, по што подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде му биле извршени потребните медицински испитувања, при што од страна на лекар специјалист неврохирург било констатирано дека детето има нагмечување на главата и потрес на мозокот.
По преземените мерки и активности на полициските службеници жената била приведена во полициска станица и со неа бил извршен разговор во која ги појаснила околностите на извршување на кривичното дело.
Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје изготвена е фотодокументација за нанесените телесни повреди кај детето .
Од СВР Скопје, Единица за имотни деликти – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Центар, Бит Пазар“ до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против лицето А.Х.(30) од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ предвидено и казниво по член 201 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на СВР Скопје до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, исто така, доставено е известување за настанот./крај./мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Maж нападнат и ограбен во својот дом во Чаир

Триесет и четиригодишен мaж бил нападнат и ограбен во својот дом во Чаир.
Нападот во полицијата бил пријавен утрово околу 2.30 часот по полноќ.
„Во дом на подрачје на Чаир две лица, од кои едното употребило остар предмет, го нападнале А.К.(34) , при што му одзеле и пари“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Maж од Кочани користел туѓи податоци за да нарачува производи онлајн

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради злоупотреба на лични податоци.
Мажот на крајот на минатата година, во период од два месеци, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати, соопшти МВР.
Покрај ова пријавениот, повеќе пати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на веб страната на телефонски оператор, каде во негово име регистрирал и четири телефонски броеви. Исто така пријавениот, креирал и профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Црна хроника
Кривична пријава против 10 лица за сексуално злоупотребување малолетничка и изготвување порнографски материјал

Кривични пријави против 10 лица од Скопје, Велес и од Тетово се осомничени за трговија со дете. За гонат за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал.
Претходно, на 26.01.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Д.(25) од Велес за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 1 и ст. 3), Д.С. (32) од Тетово за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 3 в.в. ст. 1) и Д.Н. (25), Т.И. (22) и К.Т. (24) од Велес, за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 3) од Кривичниот законик, за што од страна на Судија на претходна постапка, на С.Д., Д.С., Д.Н. и Т.И. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на К.Т. му е одредена мерка куќен притвор.
По преземени понатамошни мерки и активности од страна на НЕСКМТЛ во содејство со надлежното ОЈО за ГОКК, утврдени се и други лица, на кои се однесува денешната кривична пријава, за кои постојат основи на сомнение дека се инволвирани во извршување на кривичните дела. Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Велес, Тетово и Скопје извршени се претреси во дом и други простории кај пријавените лица, при што девет лица се лишени од слобода, а по едно лице, кое се наоѓа надвор од државата, се трага. Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати, марихуана, гасен пиштол и други предмети кои се предмет на кривично дело.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата Д.П.Т.(23), А.З.(25), Р.А.(27), Т.Л.(26), С.Н.(25), сите од Велес и Р.В.(21) од Скопје за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418-г став 3 од КЗ, А.Ф.(22). и Б.Ф.(27) двајцата од Велес за сторено кривично дело „полова злоупотреба на немоќно лице“ од член 187 став 2 вв став 1 од КЗ, К.Б.(31) од Велес и Б.П.(31) од Тетово за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193 став 3 од Кривичниот законик.