Црна хроника
Кривична пријава и притвор за обидот за убиство во прилепско
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против дваесет и двегодишниот жител на селото Бела Црква кој се обиде да убие жител на селото Чепигово, а судија на претходна постапка му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој ќе одговара за кривични дела „убиство во обид„ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и опасни матрерии“. Инцидентот се случил во вторникот околу 19.30 часот во атарот на селото Чепигово, кога дваесет и двегодишно момче од Бела Црква пукало кон триесет и петгодишниот жител од Чепигово поради нарушени меѓусебни односи.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, по увидот на лице место, издал наредби за обезбедување материјални докази пронајдени на местото на настанот.Врз оштетениот е извршена хируршка интервенција во болницата во Прилеп и според првичната констатација на лекарите, тој се наоѓа надвор од животна опасност./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.