Црна хроника
Кривична пријава против двајца нарко дилери од Охрид
СВР Охрид во понеделникот информираше дека во два одделни случаи поднесе кривични пријави против две лица поради постоење основи на сонмнение за сторено кривично дело „овозмозжување на употреба на наркотична дрога.
СВР Охрид во понеделникот информираше дека во два одделни случаи поднесе кривични пријави против две лица поради постоење основи на сонмнение за сторено кривично дело „овозмозжување на употреба на наркотична дрога.
Едната кривична пријава против А.К.(20) од Охрид , кој на 16.10.2014 година во 21,00 часот во Охрид од страна на полициски службеници бил затекнат п во момент кога им овозможил употреба на наркотична дрога марихуана на две лица од Охрид, при што кај пријавениот се пронајдени и 0,25 грама марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против А.Т.(25) од Охрид. Пријавениот на 20.07.2014 година во 03,15 часот бил затекнат во момент кога им овозможил употреба на наркотична дрога марихуана на две лица од Охрид, при што кај пријавениот се пронајдени 1,72 грама марихуана. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.