Црна хроника
Кривична пријава против градоначалникот на општина Чашка
Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Чашка, Горанчо Пановски за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Според кривичната пријава, градоначалникот во 2011 година, иако не бил сопственик на објектот, самиот си поднел барање за легализација на диво изграден објект, планинарски дом Чеплес, иако знаел дека согласно „Закон за постапување со бесправно изградени објекти“ , барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува имателот на објектот.Потоа сам си решавал по барањето, постапувајќи спротивно член 6 од „Законот за постапување со бесправно изградените објекти“ каде во содржината на барањето за утврдување правен статус во став 2 е предвидено барателот да достави доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги кои тој никогаш ги нема платено затоа што не бил ни сопственик, ни корисник на објектот. Со изјава заверена на нотар дека објектот е изграден пред стапување на законот во сила во 2011 година, Пановски го легализирал објектот, го впишал во Катастар на Македонија, по што го отуѓил. Со ова го оштетил спортското друштво „Солунска глава“ за износ од околу 65.000 евра./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.