Црна хроника
Кривична пријава за гинекологот кој земал поткуп
Полицијата поднесе кривична пријава за примање поткуп против педесет идеветгодишниот П.Љ., гинеколог на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и уште еден вработен на Клиниката, како биолог.
Двајцата му барале 19.800 денари на жител од Свети Николе за да ја породат неговата сопруга со царски рез иако нејзината бременост била критична. Сопругот поради проблематичната бременост на жената се јавил кај биологот, кој му бил познаник со цел неговата сопруга безбедно да се породи.Тој ги однел на преглед кај осомничениот гинеколог и по извршениот преглед жената била хоспитализирана. Набргу, познаникот му се јавил на сопругот и му рекол да дојде на Клиниката и да се види со гинекологот, но и да даде пари ако сака да ја породи со царски рез.Гинекологот му кажал дека тој е оној кој одлучува дали ќе ја породи неговата жена со царски рез или не и двајцата му побарале 19.800 денари и му покажале ценовник за услуги за дополнителна дејност. Сопругот пријавил во Министерството за здравство, каде што по примањето на информациите во врска со овој случај од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат направен е инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија за што е сочинет и Записник од извршен инспекциски надзор, а истовремено случајот е пријавен и во полиција. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.