Црна хроника
Кривична пријава за обид за убиство во струшко
Струшката полиција поднесе кривична пријава за обид за убиство против албански државјанин и жител на струшкото село Радолишта .
Инцидентот се случил на 16-ти декември минатата година на полноќ на локалниот пат Велешта – Октиси. Во моментот кога триесет ишестгодишен жител си одел дома и излегувал од своето патничко возило, од друго возило „ровер“, паркирано во близина на неговата куќа, излегол албанскиот државјанин и испукал повеќе куршуми. Жителот на Радолишта управувал со возилото и му помогнал да го изврши делото. Повредениот бил итно пренесен во струшката болница.На местото на настанот извршен беше криминалистичко-технички увид при што беа пронајдени осум чаури калибар 7,65 милиметри, еден проектил, еден дел од проектил како и други предмети кои беа испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.