Црна хроника
Кривична пријава за охриѓанец кој се заканувал со пиштол
Полицијата поднесе кривична пријава против шеесет и седумгодишен охриѓанец кај кого нашла пиштол при утврдување на идентитетот во селото Горно Лакочереј.
На 2 април годинава околу 21 часот кај охриѓанецот бил најден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истио калибар, за којшто немал дозвола.Го носел во џебот од горната облека, а полицајците му го нашле при утврдување на идентитетот, откако била пријавена собраќајка и нарушување на јавниот ред и мир во селото. Со пиштолот се заканувал при сообраќајна несреќа.Одземеното огнено оружје и другите предмети лице се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.