Црна хроника
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Македонска Каменица
Поранешниот градоначaлник на Македонска Каменица заедно со уште осум други лица од Каменица, Пехчево и Кочани формирале злосторничко здружение со цел незаконски да присвојат дел од управната зграда на рудникот за олово и цинк „Саса“.
Во 2006 година осомничениот, како актуелен градоначалник на Македонска Каменица заедно со три лица основале злосторничко здружение. Двајца од нив ја основале фирмата „МК-Кама“, а во договор со стечајниот управник на „Саса“, рудник којшто бил во тоа време во стечај, организирале продажба на управната зграда без притоа да го евидентираат приземјето.Првопријавениот како градоначалник на општина Македонска Каменица најпрвин преку советот на општината донел одлука за купување на 50 отсто од управната зграда, а подоцна без одлука на советот самоиницијативно и без образложение ја повлекол, со цел фирмата „МК Кама“ да може да ја купи целата зграда. Кога фирмата ја купила целата зграда, со купопродажни договори ја префрлиле на дел од пријавените меѓу кои и градоначалникот кој се стекнал со 25 отсто од истата, а без да уплати парични средства.Во текот на 2007 година, иако знаеле дека не се сопственици на дел од приземјето, поднеле барање за пренамена – адаптација до општината по што првопријавениот злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, иако знаел дека го немаат купено овој простор, изготвил и потпишал одобренија за пренамена – адаптација. Со ова сите се стекнале првопријавениот и уште четири лица се стекнале со противправна имотна корист од 15.739.326 денари и со недвижност приземје од управната зграда со површина од 245 м2. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.