Црна хроника
Кривична пријава за Савевски заради дивеење во Народната канцеларија на Иванов
СВР Скопје – Единица за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје ги предаде Н. А. (30) и Ф. Н. (30) двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека истите сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
Казнивото дело, како што информираат од МВР, било извршено на 13.04.2016 год., за време на одржување на ненајавен протестен собир на кој присуствувале околу 2000 граѓани, на тој начин што двајцата учествувале во толпа со заедничко дејствување, со фрлање на тврди предмети, удирање и кршење на инвентарот, како и други дејствија насочени кон оштетување на надворешниот и внатрешниот дел на објектот на Народната Канцеларија на Претседателот на РМ, при што била предизвикана материјална штета.Во врска со кривично правниот настан од страна на Единицата за насилен криминал преземени се дополнителни мерки и активности во однос на утврдување на лица учесници и можни сторители, во врска со горенаведениот настан, при што по дополнително прегледување на видео запис, утврдено е дека лицата З. С. (39) од Битола а со место на живеење во Скопје и В. К. (39) од Скопје учествувале во толпата која го демолирала објектот на Народната Канцеларија на Претседателот на РМ.На 22.04.2016 година, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал лицата биле повикани на службен разговор, меѓутоа поради тоа што истите не се пронајдени за да им се врачат поканите, Единицата за насилен криминал достави дополнителни покани и на 25.04.2016 година З. С. и В. К. се јавиле на службен разговор во просториите на ПС ОН Кисела Вода, по што по консултација со Дежурен Јавен Обвинител истите се лишени од слобода и по брза постапка предадени до Основното Јавно Обвинителство.Имено, утврдено е дека З.С. кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон Народната Канцеларија на Претседателот, додека В. К. кривичното дело го извршил на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од Народната Канцеларија на Претседателот, преку искршениот прозор исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот.На 25.04.2016 година Единицата за насилен криминал, со Писмено известување до надлежното ОЈО Скопје ги предаде З. С. и В. К. поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.