Црна хроника
Кривична пријава за скопски дилер на дрога
Единица за недозволена трговија со дрога со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје во рамки на акцијата „Мрежа“ го предаде триесет иедногодишниот М.Д. од Скопје поради сомневање за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите на единицата за недозволена трговија со дрога, осомничениот двапати претходно бил кривично пријавуван и бил познат дилер на синтетички дроги.
Во последниот случај, по претходно добиени информации, М.Д. закупил стан во скопската населба Автокоманда, каде по претходен телефонски повик со корисници на дрога, од дома им продавал амфетамин, екстази, хашиш смола и марихуана, а во неколку наврати дозволувал и користење на дрогите во неговиот дом.
По преземените опертивни мерки во непосредна близина од домот на пријавениот, на едно лице од Скопје му бил извршен личен преглед и кај него биле пронајдени 0,42 грама синтетичка дрога анфетамин по што со наредба од судија во четвртокот бил извршен претрес во домот и други простории на М.Д. и биле пронајдени и одземени 49,62 грама марихуана, пет таблети екстази, незначително количество хашиш смола, два пластични сада во кои била изработувана смолата и дигитална вага со остатоци од синтетички дроги.
Досега во рамки на акцијата „Мрежа“ се уапсени повеќе од сто лица при што биле запленети околу 510 килограми разни видови дрога, се вели во соопштението од МВР./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.