Црна хроника
Кривична пријава за сторителот на двократното убиство во Вевчани
Полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „убиство“ против педесет ишестгодишниот З.С. кој во средата застрела две лица во кафуле во Вевчани, соопшти СВР Охрид.
Двократното убиство се случи на 13-ти овој месец, во 21 часот и 30 минути во летната бавча на кафетеријата „Пјаца“ во Вевчани, по што сторителот веднаш беше уапсен во неговиот дом, а судија му одреди мерка притвор од 30 денови.
Како што соопшти полицијата, З.С. додека седел во кафулето во еден момент извадил пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што легално го поседувал и испукал седум куршуми кон една од масите каде седеле четири лица.
Од здобиените повреди, во општата болница во Струга починаа Владо П. (43) и Мате Ѓ.(23) двајцата од Вевчани додека со телесни повреди се здобија две лица, исто така, жители на Вевчани кои се надвор од животна опасност и тоа Г.К. (33) со повреди во пределот на левата надлактица е пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Илија П.(29) кој поради три прострелни влезно-излезни рани во пределот на абдоменот беше опериран во болницата во Струга.
Откако го напуштил угостителскиот објект, сега притворениот З.С. заминал во неговиот дом каде по кратко време бил приведен и уапсен. Во неговиот дом, било пронајдено и оружјето како и разна муниција и еден ловечки нож.
Мотивите за овој немил настан сè уште се непознати.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.