Црна хроника
Кривична против напаѓачот на лекарот во Клинички
СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ како и против А.К.Н.(36) исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за извршени кривични дела „соизвршителство“, „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
Кривичните дела, пријавените ги извршиле, во понделникот, околу 9.10 часот, во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје поточно во просториите на одделението за Дигестивна хирургија. Имено, откако завчера, нивната мајка поради големи болки во пределот на стомакот од страна на И.Н. и А.К.Н. итно била однесена на одделението за дигестивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ каде била примена од страна на оштетениот (кај кого претходно истата била пациент) тој им кажал дека ќе изврши оперативен зафат. По извршениот оперативниот зафат, за истото телефонски бил известен првопријавениот, а вчера од страна на медицинскиот персонал, по извршената утринска проверка на пациентите, било констатирано дека пациентката починала, за што биле известени двајцата пријавени. Веднаш по дознавањето дека неговата мајка починала, И.Н. од дома го зел пиштолот и се упатил кон клинички центар „Мајка Тереза“ каде што на влезот во Ургентен центар се сретнал со неговиот брат А.К.Н. и заедно се упатиле на одделението за дигестивна хирургија.Првопријавениот поминал покрај обезбедувањето и влегол на одделението, а неговиот брат откако бил сопрен на вториот кат од вработениот во обезбедувањето, го удрил со тупаници неколку пати по што продолжил да се движи кон третиот кат.И.Н. на пултот од влезот во одделението за дигестивна хирургија, од дежурната сестра побарал да му каже каде е докторот (оштетениот) и истата му кажала дека е на брифинг кај шефот на одделението. По кратко време докторот се појавил во ходникот каде што бил забележан од страна на И.Н. кој му се обратил и побарал да разговара со него, по што заедно се упатиле во лекарската соба. Во истиот момент пристигнал и второпријавениот кој заедно со нив влегол во лекарската соба. Внатре без никакво предупредување, И.Н. од палтото го извадил пиштолот и испукал неколку проектили кон лекарот, од кои со три проектили бил погоден во левата нога. По ова, И.Н. и А.К.Н. излегле во ходникот и почнале да викаат и да им се закануваат на присутниот медицински персонал, дека ќе пукаат и кон нив и во еден момент второпријавениот од пултот зел фотелја која ја фрлил најпрвин во стаклената врата која водела кон влезот на лекарската заедничка просторија, а потоа ја фрлил и кон стаклената врата од влезот кон одделението за дигестивна хирургија, по што и двајцата почнале да бегаат. Од страна на полициски службеници од ЕПОИ-АЛФА како и од страна на полициски службеници од ПСОН „Центар“ пријавените биле забележани во КЦ „Мајка Тереза“ по што се лишени од слобода и задржани во полициска станица.На местото на настанот, извршен е увид, од страна на увидна екипа при СВР – Скопје, а во присуство на дежурен јавен обвинител. Од местото на настанот биле подигнати траги и предмети, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени и предадени за анализа. Во просториите на ПСОН „Кисела Вода“ бил извршен разговор со И.Н. и А.К.Н. во кој во целост го појаснија начинот на извршувањето на горенаведените кривични дела. Инаку, второпријавениот е познат сторител на кривични дела и во претходниот период против истиот е поднесена една кривична пријава за извршени две кривични дела „тешка кражба“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.